Албанската влада ги призна Бугарите за малцинство во Албанија, откако министерот за надворешни работи на земјата Дитмир Баша се повлече од својата позиција стоејќи на ставот дека такво малцинство не постои во земјата, пренесува албанското електронско издание Albanian Daily News.
По историските докази презентирани од Бугарија, како и „притисок“ од страна на членовите на Парламентарната комисија за правни прашања, која гласаше во корист на законот, кој има за цел да го подигне статусот и правата на малцинствата во Албанија, албанската влада се одлучи на оваа мерка. Во моментов во Албанија има девет признати малцински групи – Македонци, Власи, Црногорци, Срби, Бошњаци, Роми, Египќани и Бугари, пишува Фокус.
АКЦИЈА

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР