Нобеловата награда за економија оваа година му е доделена на Американецот Ричард Талер, еден од основачите на бихејвиорална економија. Во образложението на Академијата се наведува дека Талер во неговите дела “објаснил како одредени човечки карактеристики, како што се националноста или социјалните предности може да влијаат на одлуките на поединците и трендовите на пазарот.”

Талер (72) ја постави теоријата на концептот на “ментална пресметка”, објаснувајќи ги механизмите на поединецот во донесување на финансиски одлуки.

„Тој покажа колку аверзијата кон финансиска загуба создава кај поединецот чувство повеќе да го вреднува она што го поседува отколку она што го нема“, се наведува во образложението на Академијата и се додава дека тоа подоцна е наречено психолошки феномен на „аверзија кон непоседување“.

Талер е во првата реакција изјави дека е „многу среќен“ што е годинашен лауреат и на шега вети дека ќе се обиде паричната награда да ја потроши на што „поирационален начин.“

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на девет милиони круни (околу еден милион евра). Паричниот дел од наградата се доделува ако има повеќе лауреати во една дисциплина.

Со денешното доделување на Нобеловата награда за економија заврши сезоната на доделување на Нобелови награди, кои се доделуваат во областите медицина, хемија, физика, економија, книжевност и мир.