Примена на аспиринот во домот

Аспиринот сме научени да го користиме за болка и настинка, но еве и за што друго може д најде примена.

24

Тој е одличен за негување на проблематичната кожа, го отстранува првутот и дамките од пот на маиците, ги намалува последиците од убод од комарци но истовремено го поттикнува и растот на билките во домот. Ќе ви предочиме што мора да направите со аспиринот за да ги решите овие проблеми.

Ацетилсалицилната киселина од аспиринот помага да се отстрани вишокот маснотии од лицето, или пак мртвата кожа при нејзиното лупење. Тој е одличен и во лечење на акните, бидејки ја намалува можност за затнување на порите. Чешањето и црвените флеки на кожата кој се појавуваат при постоење на псоријаза, ќе ги намалите со редовно користење на аспирин.

Ставете пет таблети аспирин во чаша и додајте околу 50 грама топла дестилирана вода. Добро измешајте додека не добиете еднолична смеса. Можете на тоа да додадете и една лажица мед бидејќи и тој е многу добар за кожата. Нанесете ја маската на проблематичните делови од кожата и оставете да делува десетина минути. Маската измијте ја со топла вода.

Во вообичаената количина шампон што го користите за миење на вашата коса иситнете два три аспирини. Смесата добро измасирајте ја на скалпот и оставете да делува три до пет минути. Аспиринот ќе помогне во намалувањето на воспалението на скалпот, а со тоа и на создавањето првут.

Кога сте на места каде што знаете дека има повеќе комарци или други ситни инсекти, задолжително со вас земете аспирин. При убод од инсект, навлажнете го и ставете го на местото на убодот. Залепете го со фластер и оставете неколку минути да делува.

На делот од облеката под пазувите знае да ни се појават дамки од пот. Истите може лесно да се отстранат ако во една посада ставиме двеста грама топла вода и раствориме три аспирини. Делот кој е се дамка потопете го и оставете го неколку минути. Потоа исоперете го на вообичаениот начин. Со истата оваа смеса можете да извадите и дамки од никотин, трева, но во тој случај облеката чувајте ја потопена петнаесетина минути, па потоа исперете ја.

Аспиринот го спречува и создавањето на габички што е важно за растот на билките. Стопете еден аспирин во литра топла вода, течноста ставете ја во шише со спреј и испрскајте ги билките. Исто така ако стопите еден аспирин во вазната каде што ви стои цвеќето, букетот ќе ви трае подолго.

SHARE