Бременоста, како и пиењето на многу кафе и внесот на голема количина никотин ќе ја затемнат бојата на урината. Нормалната боја е светло жолта, поточно златно жолта. Посветла од ова значи дека дошло до разредување на урината, затемнетата укажува на концентарција на урината, а ако е матна, тоа значи дека сте внеле премалку течности во организмот.

Пиењето на антибиотици, терапија за цревни паразити или пак хемотерапија ќе ја обои вашата урина во интензивно жолта, портокалова боја. Истата оваа боја ќе ја видите и доколку сте внеле мало количество на течности. Токму затоа и кога се потите повеќе, или пак сте изгубиле течности преку пролив и повраќање, натерајте се да ги надокнадите изгубените течности.

Виновници за оваа боја се и витаминот Б2, кој го има во млечните производи, јајцата, месото, како и во зелениот лисјест зеленчук. Секако да не ги заборавиме и морковот, и цитрусното овошје.

Доколку бојата на вашата урина изгледа премногу портокалово, тоа значи дека бројот на билирубини во крвта е зголемен, и треба да го посетите вашиот матичен доктор.

Црвената нијанса на урината секогаш го вклучува алармот. Сите веднаш помислуваме дека тоа е резултат на крв во урината. Секако тоа е показател дека можеби имате инфекција или пак во нај лош случај тумор. Но пред да истрчате на доктор размислете дали можеби предходниот ден сте внеле поголема количина на црвено овошје, цвекло, или пак сте почнале да пиете некој лаксативи или антибиотици. Ваква боја на урината може да даде и почетокот на интензивно вежбање.

Темно кафената боја на урината, исто како и црвената најчесто е предизвикана од внес на некоја храна. Но, исто така се појавува и како резултат на јака дехидрација или сериозни проблеми со црниот дроб, бубрезите и мочниот меур.

Во тој случај пијте многу течности, а ако не дојде до промена на бојата задолжително посетете уролог.

Урината може да добие и плава или зелена нијанса, но тоа се случува додколку сте внеле храна со плава вештачка боја.

 

 

АКЦИЈА

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР