Среќна 13-ка за Фестивалот на Новиот германски филм

19

На четврти октомври пред преполна сала во скопското кино „Милениум“ беше успешно отворен 13. по ред „Фестивал на Новиот германски филм“, а на 10 октомври беше успешно затворен во кино „Фросина“. Супер-интересниот и возбудлив авантуристички филм „Чик“ (носител и на награди) го означи стартот на фестивалот, и свеченото отворање на кое говореше и нивиот германски амбасадор во Скопје, Неговата екселенција Томас Герберих.

Од 5 октомври фестивалот се пресели во киното „Фросина“ во рамките на Младинскиот културен центар, каде беа прикажани и другите девет филмови, наменети за возрасни, но и некои и за деца.22429341_10155780355589264_1259423172_o

Останатите девет филмови  беа комично сатиричниот „Тој е повторно тука“ во режија на Давид Внент, комедија со временски залутаниот  Хитлер, драмата „Поздрави од Фукушима“ во режија на Дорис Дери, научно фантастичниот мистичен трилер „Ние сме плимата“ во режија на Себастиан Хилгер, трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде, детскиот филм „Авантурата на Нели“ во режија на Доминик Весели, филмот за деца и младинци „На иста висина“ во режија на Јоахим Долхопф и Ефи Голдбрунер, драмата „Време на канибалите“ во режија на Јоханес Набер, драмата „Херберт“ во режија на Томас Штубер и драмата „24 недели“ во режија на Ане Зохра Берахед.
Особеност на овој фестивал е што филмската понуда не претставува само ексклузивно уживање за скопјани, туку филмовите беа прикажани  и пред публика и во Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.

22449145_10155780355219264_1306698908_o (1)Ова беше традиционален , 13 по ред, фестивал кој секоја година се одржува под покровителство на Германската Амбасада и Културното аташе,  а овој пат неколку дена пред фестивалот беше најавен на прес конференција во „Јавна соба“, од страна на Катрин Фринсфелд, новото Аташе за култура во Германската амбасада..

Фестивалот се реализира во соработка помеѓу Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија, ПроКредит Банка, Младинскиот културен центар во Скопје и домовите на културата во градовите каде ќе се прикажуваат филмовите од програмата. и секогаш е посетен до последно место, но и мошне успешен, со одличен избор на филмови од современата германска продукција.

Ва.Ѓ. Парго

SHARE