Американскиот актер Марк Волберг е на прво место на листата на најплатените актери во светот со 68 милиони долари заработени во изминатата година, пишува списанието „Форбс“. 46-годишниот актер кој пред да премине на глума настапувашекако рапер под името Марки Марк, стигна на врвот на листата благодарение на филмовите како „Трансформери: Последниот витез“ и „Многу лоши татковци 2“. Ниту еден од двата филма не ги фасцинираше критичарите и не постигна висок рејтинг, но претходно договорениот хонорар му донесе голема сума на пари, без оглед на успехот на филмовите.

Двејн Џонсон е втор најдобро платен актер, кој беше прв на листата минатата година, а годинава заработи 68 милиони долари, додека Вин Дизел е трет со 54,5 милиони долари заработка. Следи Адам Сендлер со сума од 50,5 милиони. На петтото место е Џеки Чен, а следат Роберт Дауни Џуниор, Том Круз и три ѕвезди од Боливуд, Шах Рук Кан, Салман Кан и Акшај Кумар.

Приходот што го заработија актерките минатата година е многу помал од оној на нивните машки колеги. Минатата недела беше објавено дека оскаровката Ема Стоун е најдобро платена актерка во светот со „само“ 26 милиони долари заработени во текот на изминатите 12 месеци.