Основачот на „Амазон“ Џеф Безос стана денес најбогатиот човек во светот, пред Бил Гејтс, благодарение на зголемувањето на цената на акциите на тојинтернет гигант на берзите, пренесе денеска американскиот магазин „Форбс“.

Богатството на генералниот директор на „Амазон“, која е основана во 1994 година во Сиетл, се проценува на 90,5 милијарди долари, додека компанијата „Микрософт“ на Бил Гејтс вреди 90 милијарди долари.

Голем дел од богатството на Безос е неговото учество во капиталот на „Амазон“. Безос е сопственик на акции на својата компанија во вредност од 80,89 милиони долари, што е околу 17 проценти од капиталот на „Амазон“.

Од објавувањето на листата на најбогатите луѓе во светот на 20 март, Форбс наведе дека акциите на „Амазон“ е зголемена за 24 проценти на берзите, што за Безос е заработка од околу 17 милијарди долари, иако тоа е само потенцијално богатство, додека не ги продаде овие акции.

Гејтс во последните четири години беше прв на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот. Пласманот на Безос на чело на листата на најбогати луѓе во светот го симболизира растот на „новата економија“, главно на интернет гиганти. Меѓу првите десет најбогати личности е и основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“ Марк Цукерберг, чиј имот сега се проценува на 72,9 милијарди долари.