Биткоин се приближува до вредност која би можела да претставува клучна точка за неговата иднина, бидејќи достигна сума од 9.700 долари. Експертите предвидуваат дека вредноста од 10.000 долари, кон која се ближи биткоинот, ќе биде клучна за неговата иднина. Имено, се очекува дека оваа точка ќе претставува тест кој ќе одлучи дали биткоин е валута на иднината, или пак, како што многу критичари предупредија, кула од картите што ќе се урне под првиот голем притисок.

Иако биткоинот во неколку наврати годинава можеше да ги убеди скептиците дека му претстои светла иднина, неговата вредност се зголеми за повеќе од 800% од почетокот на годината, кога изнесуваше 968 долари по биткоин. Повеќе од 100.000 луѓе отворија сметки на платформата „Coinbase“ помеѓу 22 и 24 ноември, па вкупниот број на сметки сега изнесува 13,1 милиони, а многу компании почнаа да се интересираат за оваа дигитална валута.

Големата галама околу биткоинот, секако, личи на златна треска на модерното време, па многумина жалат што не инвестираа на време, и се прашуваат до која точка ќе расте вредноста. Цената на биткоинот е во голема мера непостојана, а многумина тврдат дека станува збор за тренд меѓу инвеститорите. Во текот на изминатите години неговата вредност неколку пати се уриваше, и падна и до 80%, но тие падови до сега до сега ја направија оваа криптовалута уште попопуларна меѓу инвеститорите, но и обичните граѓани.