Тригодишно девојче преживеа авионска несреќа во која загинаа осум лица. Несреќата се случи кога мал патнички авион Лет Л-410 се урна при слетување во регионот Хабаровск во далечниот исток на Русија. Во авионот имало седум патници и двајца пилоти.

„Осум лица загинаа, а детето преживеа“, рече портпаролот на оперативниот штаб на Тас.

Девојчето било пренесено во болница и е во сериозна, но стабилна состојба, изјави претставникот на администрацијата во селото Нелкан, Вера Суљатева.

Селото Нелкан, каде што се урна авионот, се наоѓа во регион каде летањето често е единствениот начин на транспорт меѓу изолирани места. Можните причини за несреќата се лоши метеоролошки услови, пилотска грешка или технички проблеми.