Турција ги повлече своите 40 војници од воената вежба на НАТО во Норвешка, бидејќи, наводно, Мустафа Кемал Ататурк и претседателот Реџеп Тајип Ердоган биле „прикажани како непријатели“.

Веста за повлекувањето на турските војници од вежбата Ердоган ја соопшти во обраќање до членовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Ердоган тврди дека неговото име и името на Ататурк биле ставени на „листа на непријатели“ за време на вежбата на НАТО.

Тој нагласи дека тој лично наредил итно повлекување на турските трупи, дури и ако „имињата биле отстранети“, објави АП. Ердоган потоа изјави за НАТО: „Не може да има таков пакт, таква алијанса“. АП додава дека НАТО не се огласи во врска со овој инцидент.