Маринела е ретко љубезна и прекрасна млада девојка, чие домашно воспитување е лесно воочливо. Убавината и италијанскиот дух, и секогаш убав моден стил на облекување,  и дава препознатлив белег , посебно убавата долга коса и витата става, долгите слаби нозе, и најмногу широката насмевка. Порасната во традиционално италијанско семејство, таа внимава буквално на се, во односот и грижата за себе и за своите. Како дел од тие семејни вредности,што и ги пренеле родителите е и негување на љубовта. Живеат во крајбрежен град во близина на Фоџа, Италија. Со многу носталгија говори за моментот кога на свои 17 години, го фатила  првото,и се уште единствено момче, и веднаш го однела кај родителите да ги запознае со четири години постариот Италијанец, кој веќе во тоа време  студирал право, во најдобар колеџ во близина на Милано, а неговата љубезност доминирала до тоа ниво, што никој не би можел да претпостави каков точно човек се крие во него.

Мартин и донесе нова димензија во животот, а подготовките бракот и заедничката иднина планирала да ги почне со заесничкото студирање во Милано, веднаш по матурата. Сонувала за денот кога заедно ќе тргнат на истиот факултет , ќе бидат цело време еден со друг и ќе се посвети целосно на избраникот. Таква идеја имале и нејзиното семејство и семејството на момчето, дури и пријателите ги запознала со своите планови, но очигледно само тој не размислувал во таа насока.  Непосредно пред запишувањето на Маринела во Милано, ја убедил дека тоа не и треба, дека  ќе останат во врска, но доколку ја прифаќа неговата сугестија да се запише на Факултет во соседното гратче. Нему за љубов, девојката прифатила, сметајќи дека неговиот план за заедничка среќна иднина е пообмислен и посериозен. Сепак, се знае дека тоа е машко во врската.

Ден по ден ја освојувал неосетно, на секое поле, по цели  денови останувале на линина, дури и кога се бањала, за потоа, во разговорите да ја побара и нејзината фејсбум лозинка и да воспостави целосна контрола врз нејзиниот живот во секој момент. Следен чекор му било елиминирање на пријателите, еден по еден, убедувајќи ја дека тие зборуваат лоши работи за неа, зад грб. Не се чувствувала добро кога останала  сама, без пријателите и пријателките, а и саканиот далеку од очи. Повредувањата од него не ги доживувала како болни, се до моментот кога тој ладнокрвно го поминал моментот на нејзината тага, и не ни дошол да е покрај неа на последното збогување со нејзиниот единствен дедо, со кого пораснала и била многу приврзана. Почнал да ја избегнува, почнал за се да ја обвинува, и целосно и ја сменил претставата за светот.

Со постојаните критики ја натерал за себе да мисли дека со неа нешто не е во ред. Бил вистински манипулатор. Со луѓе и со чувства. Набрзо почнале караници при секој состанок, иако се поретки биле среќавањата. Маринела се повлекувала во себе и страдала. Губела врска со реалноста. Го сакала. Се давала за него. Не можела без него. И неговото семејство останало шокирано кога го дознале неговото вистинско лице. Едноставно, ги излажал дека наскоро го очекува последниот, дипломски испит. Им најавил и датум,кога ќе полага,а тие среќни, решени да го изненадат својот син, купиле билети и резервирале ресторан за славје. Но, кога се јавиле за детали,од самиот факултет дознале дека тој доцни со испитите и дека е на средина со факултетот. Тоа ги шокирало неговите и настанал голем хаос дома. Повторно се обидел да ја насамари Маринела, дека таа е виновна. Тоа ја преминало црвената линија.

Шамарите кои биле дел од нивната “љубовна комуникација” при таа кавга ги заменил со бокс. Насилникот одговорил брутално на критиките на Маринела дека погрешил, боксувајќи ја во носот.  Прснала крв, и го здробил носот, а лузната од повредата ја носи и ден денес. Стиснала заби и го напуштила. Долго ја следел и убедувал да му се врати. Психички уморна и усцрпена, со скршени соништа, ги собрала последните сили од душата и почнала се одново. Нов круг пријатели, нова животна приказна .

-Не се каам што го сакав, не се каам што носам лузна од него. Ја носам на  носот во душата ме боли. Се каам што не го завршив омилениот факултет на омилениот Универзитет во Милано. Секоја девојка која од сам старт не е поддржана во идеите и намерите од своето момче и станала жртва на психичко насилство треба да ја прекине таа врска навреме, зошто нема иднина, има само болка и промашени шанси, во ексклузивната исповед за text.mk подвлече убавата Италијанка, која со лузна на носот сега чекори со  гордо крената глава по своите нови животни патишта и не се колеба да ја соопшти својата љубовна приказна за да ги предупреди заљубените кревки во душа девојки, во лоши љубовни врски.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)