Ако се разгледаат артефактите, историските податоци и археолошки пронајдоци на сите места на Планетава каде постоела цивилизација, како и скулптурите кои потоа ги вајале врвни мајстори на ниво на полубогови, жената во нивните дела им била лајт мотив, муза, инспирација и Божица. Во своите дела тие ја воспевале, опишувале, прикажувале како совршенство без мана, како суштество кое е вредно за внимание и почит и неа, пред се, ја гледале низ своите уметнички дела низ продуховен агол. Не биле тоа времиња во кои уметниците создавале за насила да им се допаднат на публика, да го освојат пазарот, медиумите или продажбата и профит. Тие верувале, и тој култ кон жената го манифестирале на врвен начин.

И во големите поетски и драмски дела авторите-великани ја издигнувале жената,нејзината убав на височина, на тронот. Некој рекол дека „држава се продава за жена“, „живот се дава“, а вистинските љубовници на своите сакани со своја крв им пишувале љубовни писма. И на почетокот на филмската, музичката поп и медијска уметност, таа била муза, кај која се истакнувале нејзините карактеристики на мајка, сестра, љубовница, пријателка, дури и кога била третирана низ призмата на сексуален објект имало шарм, сето тоа имало некаква суштина. Со тоа се апелирало на еден нежен, културен, култивиран, цивилизиран и џентлменски однос кон жената и во создавањето на новите вредности и третманот на понежниот, освен убавиот збор, комплименти и бакнување на рака, машките манири доминирале на секое ниво, во комуникацијата.

Во времето кога уметноста, а и човештвото почнале да се продчабочуваат предрасудите дека жената треба да биде потценета и во втор план, тешка била борбата за да се воспостави рамнопрвност на половите, барем во оние сегменти каде тоа може да се воспостави. Јавната сцена и уметничките дела како и артистичките и тоа како биле битни во изградување на однос на жената. Сето тоа влијаело на оформување вистински однос кон жената. Оттука, и во семејствата во кои владее хармонија и се почитува култот на жената (сопруга, мајка, снаа…) и децата се воспитуваат во тој дух, па сосема очекувано еден  ден и нивниот однос кон женскиот свет да е идентичен на оној што го покажал неговиот родител, кон сопругата, роднините, колешките, сосетките. Примерот на родителот, покажан на дело, е најважен, и затоа во народот се вели „Каков татко, таков син“.

Во семејствата каде насилството, недогласувањата, повисокиот тон при комуникација, психичкото и физичкото насилство се дел до домашната „култура“, растат деца кои еден ден сета таа матрица ќе ја пресликаат и во сопственото однесување кон женскиот свет. Сосема очекувано е ако таткото покажувал мускули и сила кон сопругата , колку и тоа да му пречело на детето од емотивни причини кон мајката, тоа го впива како сунѓер, се до моментот кога и во него нешто ќе се прекрши и наталожената омраза кон женскиот свет, вградена преку семејниот пример,  ќе почне да ја прикажува во исто таква или во слична форма. Малтеретирањата, тормозењата, разводот од родителите, во одреден момент ќе станат и негово секојдневие (со исклучок на многу малку примери).

Насилството, не само како дивјачки нагон, ами и како воспитување, се восприма и преку медиумите. Ако фрлите барем еден кус поглед кон дневните новости речиси и нема ден без некоја вест во која жена е жртва на насилство, особено во земји во транзиција, каде владее сиромаштија, низок стандард, беспарица, криминал, низок степен на образование, партизираност и хаос во општеството. На сето тоа му кумуваат филмовите со насилство и песните на актуелните и мејнстрим извдувачи, кои младите ги прифаќаат. По случаен избор од тој жарн се осврнуваме на еден ни малку пријатен, а крајно мизогин текст. Го цитираме:

-Направив од ништо сине нешто
Заработено со многу пот и чесно
Немав поддршка јас беше тешко
Горев многу пати ко во пекол беше жешко
Животот е падни стани полн е со рани
Пробај да ги издржиш ударите од сите страни
Никој не е совршен и јас имам маани, Да!
Сакај ме, мрази ме п*здо, никој не ти
Преку к*р ми е од сè
Да зависи од мене
Преку к*р ми е од сè
Да немам свое време
Преку к*р ми е од сè
Да мислам ја за секој
Преку к*ров од сè
Да бидам зависен од некој
Ме боли к*р за репутација и слава
Глумење џет-сет, сè ми е преку глава
Др*љи расп*штеници навлечени на к*р
Би примиле 100 за да се главни на жур
Дење глумат наивни сите се они невини
А навечер се они к*рождерки брат невидени
На подиум главни они се спуштаат баш ниско
За флаша Траминец би ти го п*шеле во диско
Повеќето се ефтини се р*каат за ситно
Само да е славен, друго ништо не е битно
Сака да го вози п*чето во скапа кола
На прва вечер вика: срце стави го до пола!
Секогаш навечер се отвара ко паун
Сабајлечки на кафе мрчи секогаш е down
Добро фолира, добро демонстрира
Права к*рва е ко Џена Џејмесон позира…

Мизогиниот текст, суров, полн со омраза и прекорување на одредена група жени, почнува како „подучување“ на синот, а завршува со обраќање на авторот на некој кого го смета за брат, изобилува со вербално насилство и потценување, од почеток до крај, од а до ш. Предмет на омаловажување и подбив главно е жената. Без разлика со какви жени му поминува/л животот на авторот, во оваа песна „тивко“ се повикува на омаловажување на женскиот род и ставање негативен акцент на жените со кои се среќава. Не знаеме која е идејата и „вредноста“ на овој текст, ниту во служба на што би бил истиот. Она што е наша обврска да маркираме дека станува збор за песна прегледана на јутјуб, како најпосетуван современ медиум, над 150.000 пати, и главни нејзини конзументи се млади генерации, кои допрва треба да го оформуваат својот карактер и однос кон жената.

Ова, за жал, не  е изолиран пример. Ако оваа песна прва од јутјуб ни падна пред очи за обработка, којзнае колку ги има во овој фазон. Пред повеќе години една млада пејачка Софија Манева повика на „колективно будење против колективното труење“, алудирајќи на ваквите и слични текстови. Таа сними песна „Лигав тип“ во која на неумесен и не многу фин начин опиша момче без карактер, а и спотот кој го сними со жени спортски ѕвезди, не соодвествуваше на песната, но потоа пејачката кажа дека со песната јавно ја напаѓа вулгарноста на раперите и повикува на почитување на женски права. Иако сето тоа тогаш не помина во знакот на општа прифатеност од јавноста, со зголемувањето на насилството врз жената и воопшто во општството, време е да се сфати таа порака и да се обрне повеќе (медиумско и кампањско) внимание, што се се пласира како популарни творби на сцената, со кои младите ги восприемаат, се поистоветуваат, растат и се оформуваат како културни и современи личности, а би било убаво и да се воведе специјален предмет во училиштата за едукација на оваа тема.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)