На 20 и 21 октомври 2017 година, во главниот гра на Романија, Букурешт, се одржа Регионална конференцијата против насилството врз жената – толеранција нула, во организација на Регионалната канцеларија на Франкофонијата во Букурешт.

Во својата презентација, прво претставничката од Македонија Наташа Доковска, од  „Новинари за човекови права“ ги изложи фактите од повеќегодишното истражување, а потоа јас како новинар зборував за моите текстови напишани на оваа тема, базирани на вистински случки.

Во рамките на тоа беше истакнато каква е состојбата и на што треба да се обрати внимание, а се однесува на тоа дека во Македонија не се зборува јавно за насилството врз жената; во Македонија не се препознава што е насилство и не се лоцира точно проблемот; во Македонија, единствено во регионов, нема јасна анализа и евиденција колку  жени се жртви на насилство. Има само индиции дека секоја трета жена е жртва на насилство; во Македонија и во медиумите ќе забележите суптилно одобрување или подгревање на насилство врз жена, без да се препознае ситуацијата и пораката, често и од страна на едуцирани личности, и дури и од оние на највисоки позиции во општеството.

Во рамките на проектот “Немој да молчиш – Да го сопреме  насилството врз жените!”, јас како авторка (Валентина Георгиевска, н.з.) разработив стории со повеќе од 30 жени, жртви на насилство, но со скриен идентитет. Текстовите се пишувани со мали измени во фактите, за да не ги препознаат во  средината каде живеат.  Но, основата на приказната останува како што е.

Да се зборува за насилство врз жени, кај нас, е мошне компилицирано. Од гледна точка што самите жени не сакаат да зборуваат за тоа. Од срам, и страв. Според статистики секоја четврта жена е жртва на насилство, но во реалноста не може  да се забележи тоа, се чини насилството како да не постои. Не се зборува за тоа, се што се случило останува во кругот на семејството. Многу ретко некоја жена ќе проговори , откако ќе стане мошне очигледно во јавност или ако сопругот почне да ја тепа пред други луѓе. Или по нивниот развод.

Ретко жената се осмелува  се осмелува да ја раскаже својата приказна во  медиумите. Дури и да ја каже,  бара да не биде објавена, што е контрадикторно.

2

Многу жени не ни препознаваат што е насилство. За нив, тоа е нормален феномен, а тоа е резултат на убедувањето од дома дека ако  проговориш за тоа, ако си разведена, го сквернавиш семејството и неговиот углед.

Личните приказни на жртвите што ги имам напишано се добра основа за психолошки истражувања: во нив се зборува за насилство од сопруг врз жена, мајка врз својата ќерка, средина кон немажена стара девојка , шеф врз вработена, политичар врз жени, извршители врз самохрани жени, озборувања, насилство врз девојка, насилство од прељуба,  насилство на национална основа, уцени, сајбер насилство врз жените, насилство поради невнимателност.

Ги напишав овие приказни како раскази. Не се занимавам со тешки форми на насилство, со нив логично е да се занимаваат  криминолози и книжници. Но, она на што мора да се стави акцент е дека- сите форми на насилство започнуваат со наједноставен тип на насилство.  Насилството не е само присутно како физичко насилство, психичкотп е многу поголемо, што ја нарушува менталната состојба и здравјето на жената.

Навреди, потценувања, неверства, одмазда, негрижа, озборувања, вербални напади, сите заедно се форми на насилство. Каде што има психичко, има и физичко насилство. И обратно. Речиси никогаш едното не е изолирано од другото.

*****

И покрај тоа што насилството често започнува на невидлив и суптилен начин, завршува со фатални последици, честопати со обиди за самоубиство. Во повеќето случаи, основата е финансиска.

вале конф

Иако не сакам да релативизирам, она што го забележав е дека најчестите критични моменти кај една двојка се случуваат во кризата на средните години. Особено кога сопругот ќе добие финансиска стабилност и сигурност и  ќе почне да се забавува другите жени.

Два типа на насилство се засноваат на финансиската основа: 1. кога има многу пари и 2. кога нема доволно пари. Кога семејството има пари, насилството е главно психичко, а кога нема пари,  главно е физичко и, се разбира, и психичко. Жената која е жртва и е решена да го напушти својот сопруг и да почне нов живот, најчесто нема каде да оди. Најчесто, е невработена или прима мали финансии, кои не стигнуваат ни за храна, а да не  зборуваме за изнајмување на стан.

Друг проблем се традиционалните поими и патријархалното воспитување.

Сториите што ги направив главно се однесуваат на жени  од повисоките општествени класи кои живеат во град и ретко во селото. Оние најсиромашните живеат  во гетоизирани  средини и немаме пристап таму. Таму, најчесто насилството врз жената се смета за сосема нормално. Има тепања и инцестни силувања, за кои никој не зборува, дури и во случаи кога пристигнува полиција да интервенира, пред полицајците и инспекторите жртвата дава лажни изјави за да го заштитат напаѓачот, кој најчесто е сопругот, свекорот, синот, некој близок со семејството

Ромските жени се најголеми жртви на насилство а државата не презема соодветни мерки. За ова прашање, дури, сугерирам да се изучува во предмет во основното училиште.

Малкуте организации кои се посветува вниманието на проблемот се оние од  невладиниот сектор.

Не само што не се зборува за проблемот и што не е видлив, ами за жал кај нас се уште не се распознава. Освен тоа постои практика и во секојдневната комуникација да се урнисува угледот на жената и на неа да се гледа со пониска вредност и потценување, и во самите медиуми, и на телевизија може да се забележат несоодветни изјави, кои посочуваат дека „насилството врз жена како да е небитно“.

Неодамна познат лик со највисока позиција, порано,  во интервју неколкупати повтори дека за „потегнување на коса на жена“, не смеело/ требело неколкугодишна затворска казна за маж. Без да препознае дека со самото тоа можеби поттикнува (не) директно на насилство, но и ја амортизира  формулацијата за насилството врз жена и на тој начин се  става во облик како – „тоа да не е ништо, како да е сосема нормално, и (речиси)оправдливо“.

Најчесто кај нас во комуниакција со жена, за да се покаже машката супериорност и доминантност се употребуваат поимите-„Ќе леташ низ прозор, ќе те фрлам од тераса, ќе ти скршам врат, ќе останеш без заби, ќе ти влепам шамар“…а  пцовките се доживуваат како да се најнормална појава и излив на нежност и љубов..

3

Во еден пример, кога девојка при изучување на англиски јазик на маса ја изговорила фразата од научениот дијалог кога мажот на жената и вели “Ќе те молам подај ми ја солта“, нејзин пријател, едуциран, шеговито, но самоуверено одговорил- „Што? На жена да и речам, ќе те молам? Море неа само- подај ми ја солта, п**ка ти мајчина“

Кога едицираните луѓе не препознаваат вербално, потенцијално или конкретно насилство  врз жена, тогаш како да очекуваме од понеедуцираните? Затоа не само што се инсистира на апелот- „Не молчи, да го сопреме насилството кон жените“, исто се инсистира ова навистина да се изучува во основното училиште, каде децата од мали ќе почнат да препознаваат, разликуваат и спречуваат насилството  врз жена.

ЗАКЛУЧОК: И најголемото насилство започнува со најмалото насилство. Затоа, ние ја поттикнуваме идејата за предвидување на насилството навреме, интервенирање и избегнување: „Стоп на насилството врз жените – толеранција нула“.


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)