Сипаницата е најчеста детска инфективна болест предизвикана од вирус. Кога вирусот ќе влезе во телото, тоа трае околу осум дена до три недели пред појавата на првите знаци на болеста. Болеста се движи неспецифично, како и секој вирус – повишена температура и затнат нос. Веќе по 24 часа почнуваат да се појавуваат типични промени на кожата. Црвенилото многу брзо во центарот добива воден меур, кој брзо пука и создава мала краста.

Бебето е заразно ден-два пред избувнувањето на сипаницата и седум дена по нивната појава. После тоа, трае периодот на опоравување  кое започнува кога детето повеќе не е заразно и кога крастите полека се сушат и паѓаат.

Важноста на вакцинацијата за возрасни, кои не прележале сипаници, е голема. Педијатрите предупредуваат дека станува збор за заразна болест и ако влезете во просторијата каде што има заразен од сипаница, имате 98 отсто шанси и вие да се заразите доколку не сте ги прележале. Вакцинацијата против сипаници постои веќе 40 години и нема несакани ефекти од нејзиното примање. Може да се вакцинираат деца на возраст од една година и тоа е многу важно со цел да се заштитат и возрасните кои не прележале сипаница. Треба да се има предвид дека, на пример, ако се зарази една жена со сипинаци во текот на бременоста, тоа може да биде многу сериозно по плодот…Се проценува дека околу 5 до 10 проценти од возрасните не биле заразени од сипаници во детството, а во зрелоста оваа инфекцијата може да биде многу сериозна и опасна по нивниот живот.
Кога почнува да се манифестираат сипаниците, потребно е прво да се намали телесната температура, не треба да се излегува надвор, да се контролира кој влегува во собата каде што се пациентите, а со цел инфекцијата да не се шири, да се одржува нормална хигиена на кожата, редовно да се мие, но без триење. Може да се користат средства за дезинфекција на кожата . Ако во меурот влезат бактерии, тие ќе предизвикаат апсцес или инфекција, и може да остават лузна, а некое време по поминувањето на болеста остануваат темни пеги кои потоа исчезнат, но не сотануваат лузни.

Болеста може да доведе и до некои компликации, како што се бактериско запаление на средното уво, додека воспаление на белите дробови, мозокот, менингитис е реткост, објаснуваат педијатрите и советуваат дека ако детето има висока температура што не може да се намали и доколку повраќа или кашла непрекинато, или ако забележите дека некоја сипаница се појавила на окото или на белката, тогаш треба веднаш да се јавите на лекар.