четврток, април 25, 2024
домаКујнаКонцерт на српското трио „Покрет“ на Есенски музички свечености

Концерт на српското трио „Покрет“ на Есенски музички свечености

„Динамика на движењето“ е насловен концертот на триото „Покрет“ од Србија кој ќе биде изведен вечерва од 20 часот во фоајето на Македонската опера и балет, во организација на Српскиот културен центар „Спона“, а во рамките на Есенските музички свечености.

Триото го сочинуваат Мадлен Стокиќ Васиљевиќ – виолина, Милош Николиќ – кларинет и Маја Михиќ – клавир. На програмата се делата: „Река на заборавот“ од Југослав Бошњак Лета,  „Метаморфози“ од Александар Вујиќ, „Прошетки со Рина“ од Татјана Милошевиќ, „Il tempo sensibile“ од Светлана Савиќ, „Тесен процеп на светлината“ (2017) од Ивана Стефановиќ – премиерно изведување, „Tango mobile“ (2017) од Милана Стојадиновиќ-Милиќ – премиерно изведување.

Триото „Покрет“ е основано во 2010 година според потребите на тројца изведувачи потполно да се посветат на музиката од современиот момент. Во центарот на интересите на овој состав се делата на современите српски композитори. Соработката со најеминентните српски композитори за време на седумгодишното постоење на овој ансамбл направи мал пресврт во пристапот кон современата музика и нејзиното делување врз широката публика. Од почетокот на своето делување беа остварени премиерни изведби на многубројни дела од српски автори свирејќи новонапишани дела, кои се посветени токму на овој ансамбл. Откако во 2011 година ги изведе сите дотогаш напишани дела од перото на српските композитори за овој тип камерен состав (Ј. Бошњак – Трио Варијации, М. Михајловиќ – Lamentoso, А. Вујиќ – Од источна Србија и Српско коло), Покрет „покрена“ и други автори да пишуваат нови дела.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ