Крвниот притисок на жената пред да остане бремена може да биде добар водич за тоа дали ќе роди девојче или момче, објавија научниците од болницата Mount Sinai во Торонто. Досега, имало многу стари народни верувања и обиди од страна на експерти за да го потврдат ова, но никој сè уште не најде основа во науката. Жените со висок притисок имаат поголема веројатност да имаат момчиња, а оние со понизок девојчиња.
Шансите дека една жена со висок притисок ќе роди момче се 45 проценти повеќе отколку кај жените со понизок притисок, пишува Sun.
“Зошто притисокот влијае на полот на бебето е многу интригантно и ќе се обидеме да ја откриеме причината затоа што полот е определен во спермата, во зависност од тоа дали спермата го носи хромозомот X или Y”, вели Рави Ретнакаран од болницата Mount Sinai во Торонто.