Балетскиот спектакл „Оревокршачка” на мраз, во изведба на Рускиот државен балет на мраз, кој требаше да се оддржи на 24 ноември 2017 година, поради технички причини се презакажува за 4 декември 2017 година, а NUTCRACKER Щелкунчик (22)локацијата е непроменета – Македонска Опера и Балет, со почеток во 20 часот.

Сите кои веќе имаат набавено билети со датум 24 ноември 2017 година со истите може да присуствуваат на претставата на 4 декеври 2017 година и нема никаква потреба од замена за билети со нов датум.

Билетите за овој балетски спектакл на мраз – „Оревокршачка на мраз” кои се во ограничен број може да се набават преку продажната мрежа на „КупиКартиЗаСе” низ цела Македонија, Билетарата на МОБ, во „Пола Југотон”, „Југотон”, Цвеќара „Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.