четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаПочина Тигран Калебота, тапанарот на Психомодо поп

Почина Тигран Калебота, тапанарот на Психомодо поп

Тигран Калебота почина денеска, на возраст од 54, потврди менаџерот на бендот Лидија Бали. Тој со Давор Гобац и Смиљан Парадиш Шпарке се основачите на бендот Психомодо поп.

Во Групата Нерон Тигран Калебота свирeше од 1981-1983 заедно со Шпарк. По доаѓањето на Гобац на бендот во 1983 година, групата од Нерон го промени своето име во Психомодо поп.

– Сите сме во шок. Тигран почина ненадејно. За сега не се знае да се каже ништо повеќе од тоа – рече менаџерката Бали.

За ненадејната смрт на тапанарот имаше и соопштение на официјалната страница на Фејсбук профилот на бендот:

– Почитувани, неочекувано не напушти нашиот тапанар и голем пријател Тигран Калебота. Во голем шок сме. Ве молиме обидете се да не разберете се додека не си дојдеме на себе – стои во соопштението.
Работел и во ТВ Загреб од 1985 година како инженер за звук и тоа се до  1996 година, кога одлучи да му се посвети само на бендот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ