По 13 години Судот во Хаг денеска требаше да изрече конечна и полномошна пресуда на шестте политички и воени лидери на босанските Хрвати за сериозни злосторства против муслиманите во Босна и Херцеговина во периодот од1993 – до 1994. Шестте лица во мај 2013 година беа осудени на вкупно 111 години затвор.

На Прлиќ му беше потврдена казната од 25 години затвор, а на Стојиќ 20 години. Потоа судијата почна да ја чита пресудата на Праљак. Нему исто така му бил одреден затвор од 20 години. Праљак се побунил и испил нешто. Читањето на пресудата беше прекинато, а Праљак, како што јавуваат хрвстските медиуми почина во болницата. По паузата судијат продолжи со читањето на пресудата и ја потврди казната од 10 години на Пусиќ, 16 години за Чориќ и за Петковиќ 20 години.

Поранешниот премиер на Херцег Босна, Јадранко Прлиќ (58) претходно беше осуден на 25 години затвор, поранешниот министер за одбрана Бруно Стојиќ (62) и поранешни началници на Генералштабот на ХВО Слободан Праљак (72) и Миливој Петковиќ (68) на 20 години затвор, поранешен полициски командант на војската Валентин Чориќ (61) на 16, и шефот на Канцеларијата за размена на заробеници Берислав Пусиќ (65) на 10 години затвор.

Кој е Праљак?

Слободан Праљак (72) е пензиониран генерал-полковник на Хрватската армија. Роден  е на 2 јануари 1945 година во Чапљина, Босна и Херцеговина,а бил познат по прекарот Бред. Има завршео три факултета, а служел во три војски.

Тој е одговорен за уривањето на Стариот мост во Мостар, иако претходно беше на должност командант на ХВО. Праљак тврди дека мостот бил разрушен со активирање на експлозија поставена на левиот брег на Неретва, на која страна била Армијата на БиХ.

Погледнете ја снимката од судот во Хаг: