Оваа недела во Скопје гостуваше светскиот гитарист со холандско потекло, Јан Акерман, а во четвртокот (9-ти ноември), со својот бенд одржа концерт во Станица 26, на кој  межу присутните го забележавме и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Но, посебно впечатлив момент беше кога познатиот изработувач на уникатни гитари Бранко Радуловиќ од Куманово го искористи овој настан и на Јан, во еден свечен рокерски чин, му подари гитара.

Јан беше посебно одушевен од овој гест.

Концертот беше во организација на новоформираната продукција  „Три гонга“. Организаторот,  за крај на месецов  на истото место го најави Рамбо Амадеус, а за следната година и светски имиња, а можно е и Брус Вилис.

Ексклузивните фотографии од концертот ги направи фотографот Ангел Ситновски.