Пожарникарите продолжија со потрагата по уште шестмина исчезнати во смртоносните поплави, во кои 16 лица во средата загинаа во сиромашно индустриско западно предградие на Атина.

Постарите луѓе кои беа заробени во нивните приземни и подрумски станови и автомобили се повеќето жртви од поплавите во текот на невообичаено обилните дождови кои одеднаш покренаа масовни количини на земја и карпи и уриваа згради во Мандра, Неа Перама и Мегара, во широкото подрачје до 50 километри од Атина.

Тридневна национална жалост е прогласена во Грција во четвртокот.

Недостаток на контрола на изградба, промена на намена и користење на земјиштето, што пред кредитната криза во Грција беа еден од најважните двигатели на економијата и намалување на шумите поради летните пожари, претставуваат ендемски проблеми. Меѓу нив е и затрупување на доловите низ кои што водата претходно слободно течеше кон морето од високите планини околу Атина, па дури и изградба на објекти во доловите.

По посетата на поплавената област, премиерот Алексис Ципрас изрази „голема тага“ за жртвите и рече дека е „шокиран“ од големината на штетата. „Ова е очигледно ретка и екстремна временска појава“, рече тој.

Некои жители на Мандра бранот вода и кал го споредија со „цунами“ што е потврдено од страна на голем број видео снимки од ненадејните и големи поплави, кои носеа и камиони, а куѓите ги рушеа за неколку минути.

Денес булдожерите прекупуваа патеки низ трошните улици каде што се наоѓаат остатоците од рушевините на куќите и продавниците.