Санкт Петерсбург: Венеција на северот

224

Некогашниот Ленинград, а денешен Санкт Петерсбург, со својата убавина и широчина постојано ги мами странските туристи да го посетат. Секогаш насмеаните хостеси уштен а аеродорм, за добредојде се трудат да ви ги изаранжираат престојот во градот, а притоа да бидете задоволни и вие и тие. Транзицијата и овде направи некогашните комунисти, кои најмногу работеа за идеали, сега секоја минута да ја сметаат во странска валута. Овде доларот сe уште го има приматот над еврото.

S_PetersbuНема место на светот кое што плени со својот дух, повеќе од Санкт Петерсбург. Нема град на светот кој што има толку убави зданија, архитектура што мами да застанете пред секое нејзино чедо, кафулиња и ресторани, широки раскошни паркови и љубезни продавачи. Жителите, пак, на овој град се посебна приказна во секоја репортажа за градот кој не за џабе го нарекуваат и Венеција на северот. Убавината на руското царство, бројните цркви и музеи, Ермитажот со сета своја “тежина” што го носи во себе, раскошните театри и меѓу нив подзатскриени реновираните хотели од највисока категорија со возен парк кој чини по неколку стотици илјади долари, е првата слика која ми се појавува секогаш кога ќе се спомене Санкт Петерсбург.
Денес, да се стаса до таму, не е некоја научна фантастика, како што патем може да се стаса и до секаде, само под еден услов да се дојде до толку посакуваната виза. Да, драги мои виза ни е потребна и за патување во Русија, а за тоа гарантно писмо или официјална покана. После тоа, сe оди како подмачкано. Диретен лет нема, но има доста авио компании кои за ефтини цени летаат до најубавиот руски град.
Некогашниот Ленинград, а денешен Санкт Петерсбург, со својата убавина и широчина постојано ги мами странските туристи да го посетат. Секогаш насмеаните хостеси уштен а аеродорм, за добредојде се трудат да ви ги изаранжираат престојот во градот, а притоа да бидете задоволни и вие и тие. Транзицијата и овде направи некогашните комунисти, кои најмногу работеа за идеали, сега секоја минута да ја сметаат во странска валута. Овде доларот сe уште го има приматот над еврото.
Хотелот во кој што сум сместена, хотел Москва, сe уште “се носи” со времето на комунизмот. Сe уште во него мириса на времето кога и таму сите беа исто. Но, по улиците веќе сe мириса поинаку. А, големиот број на улични питачи, само го потврдува она во што се посомневав – а тоа е дека во Санкт Петерсбург само странците убаво живеат. Овде просечна плата е околу 40 долари, а една боршч супа во обичен ресторан чини 5 долари. Но, тоа не е причина туристите кои над еден миллион дневно го посетуваат градот, да ги преполнуваат кафеаните и за влез во подобрите да се чека ред.
Но, Санкт Петерсбур е приказна за себе! Неможе да се појде во градот, а притоа да не се посетат неколку работи. Јас на мојата маршрута приоритет им дадов на две работи: музејот Ермитраж и катедралата Исак, сметајќи дека ќе имам време и за двете во еден ден и дека вечерта ќе ја поминам во некој од многуте театри со долга традиција. Но, се излажав! Најголемиот и најимпресивниот музеј во светот, Ермитраж, некогашната зимска палата на рускиот цар, послана долж реката Нева е место за кое се потребни часови и часови да се прошета. И, што е уште поважно, да се разбере. Овде буквално с* има свое значење, а кое живее од 1760 година кога зградата е изградена за кралицата Елизабета, ќерката на Петар Велики.
Откако успеав да излезам од овој музеј, иако кога влегував си ветив дека нема да останам повеќе од 2 часа, а поминав цели шест и ми беше малку, заминав да ја видам катедралата Исак. По пат, се фотографирав за спомен пред споемникот на Петар Велики, и бронзениот “Јавач на коњ”.
Катедралата Исак, надалеку позната по мермерот е градена 40 години и е една од најпознатите објекти во руската империја. Нејзината внатрешност само говори за умешноста на сликарите кои ја украсувале, како и за животот на кралското семејство.
По посетата на Исак катедралата, сонцето започна да заоѓа. Време е за в театар. На репертоарот се дава “Ана Каренина”, а пред шалтерот за билети ред од цел километар. Застанувам и чекам, но дознавам дека се чекаат билети за наредниот месец, бидејќи за претсавата која се дава тој ден билети можат да се набават само на црно. Успевам да купам три билети, но немаме време да ја смениме тоалетата, бидејќи хотелот е подалеку. Претставата во неколку чина, а по секој чин мини коктел со шампањ и кавијар. Вистинско уживање!
Наредниот ден, одлучувам да го поминам на плоштадот Невски, каде што се наоѓа црквата “Нашиот спасител на зовриената крв”. Црквата изградена кон крајот на 19 век, во типичен руски стил, ме враќа во мислите дека сепак сум во Русија. Англискиот, францускиот, италијанскиот јазик и сe почесто слушаниот кинески или јапонски, не распознавам точно на кој од овие два јазика говорат, а кои се слушаат насекаде околу мене, за момент ме тераат да поверувам дека сум некаде на друго место, а не во руската културна престолнина.
Бидејќи црквата се ноаѓа долж реката Нева, домаќините сакаат да ни покажат зошто градот се нарекува уште и Венеција на северот. Се качуваме во едно од туристичките бродчиња и го доживуваме градот и од вода.
Наредните два дена се резервирани за посета на резиденцијаланата палата на Петар Велики во месноста одалечена некои 20 километри северно од градот. Туристичката атракција Петерхоф е вистинско сведоштво за минатото, за богатството и раскошот на Петар Велики. Овде и два дена се малку за прошетка!
Но, времето одминува, а високите цени во Санкт Петерсбург не дозволуваат поголема комотност. Овде сe се смета во американски долари, а во центарот на градот се наоѓаат бутици со брендирани имиња, фирмирани чевли и продавници за техника со астрономски цени.
Рестораните, кафулињата и ноќните барови во кои танцуваат девојки на шипки, работат до рано наутро, а единствени гости се странците кои доаѓаат и си заминуваат како река.