Неодамнешна студија откри дека луѓето постари од 40 години работат најдобро кога работат само три дена во неделата. Ова е резултат на студијата спроведена на 3.000 вработени мажи и 3.500 вработени жени. Истражувачите утврдиле дека когнитивната ефикасност на средовечните луѓе се подобрувала кога работеле до 25 часа неделно. Од друга страна, перформансите се намалиле кога во неделата поминувале повеќе од 25 часа на работа, поради влијанието на уморот и стресот.

Оваа студија (која беше објавена во „Melbourne Institute Worker Paper“) вклучуваше низа когнитивни тестови. Вклучувала 3.000 мажи и 3.500 жени од Австралија, чии работни навики се анализирани. Тестирана е способноста на учесниците да прочитаат гласно зборови и да рецитираат список на броеви. Се мерела нивната способност за памтење, способноста за размислување која вклучува извршно размислување, абстрактно размислување и меморија.

Заклучено е дека оние кои работат 25 часа неделно најдобро ги извршуваат задачите, додека резултатите на оние кои работат 55 часа беа послаби, дури и од невработени учесници.

„Многу земји ќе ја покачат старосната граница во која луѓето можат да поднесат барање за пензија, што значи дека повеќе луѓе продолжуваат да работат во подоцнежните фази од својот живот,“ вели Колин Мекензи од Универзитетот Кејо, еден од трите автори на студијата.

Степенот на интелектуална стимулација може да зависи од работното време. Работата може да биде меч со две острици, бидејќи може да ја стимулира активноста на мозокот, но истовремено долгото работно време може да предизвика замор и стрес, што може да им штети на когнитивните функции.

Разликите во работното време се важни за одржување на функционирањето на когнитивните функции кај средовечните и постари возрасни лица. Тоа значи дека, во средно и постаро доба, работниот дел од времето може да биде ефикасен во одржувањето на когнитивната способност.

Причината поради која работење повеќе од 30 часа неделно е штетно за мозокот, додека помалку часа работа е добро, сеуште не е јасна. Мекензи ја опишува работата како меч со две острици.

„Додека работата може да ја стимулира активноста на мозокот, долгото работно време може да предизвика замор и стрес, што може да ги оштети когнитивните функции. Работа со полно работно време (40 часа) сеуште е подобра во смисол на одржување на когнитивното функционирање, но не ги зголемува позитивните ефекти од работата,“ напоменува тој.

Важно е да се спомене дека резултатите веројатно ќе се разликуваат од држава до држава, и зависно од годишните одмори. Многу е тешко да се контролираат сите фактори кои придонесуваат за конечните резултати на таквата студија (вклучувајќи го и изборот околу работното време и видот на работа), но сигурно полното работно време до старост од 67 години – е непривлечно. Властите треба да ги земат предвид овие податоци, за да размислат и за годините за заминување во пензија.