Брзиот начин на живот, лошата исхрана како и недостатокот на физичка активност се причинители за болеста на денешницата, покачени маснотии во крвта.

Доклку приметите наслаги од масно ткива со жолта боја, во облик на плочки или чворчиња на горниот капак од окото, или на некој други делови од телото, проверет ја својата крвна слика. Ова може да бидат првите симптоми.

Подоцна доаѓа до здебелување на ѕидовите на крвните садови, атеросклероза, за која допринесуват и други ризик фактори како што се ( пушењето и алкохолот ) а како последица на сето тоа најчесто се јавуваат кардиоваскуларните болести кои се едни од водечките причини за смртност како во светот така и кај нас.

Доколку имате ваков проблем еве еден природен лек кој го користат многу и имаат резултати од него.

Сувите смокви и јаболковиот оцет се основните состојки на овој лек.

Лекот подготвувајте го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви и убаво избоцкајте ги со забочепкалка од сите страни. Потоа ставете ги во стаклен сад во кој претходно имате ставено 2дл јаболков оцет.

Нека одстојат смоквите и наредното утро изедете ги трите смокви. Остатокот од оцетот оставете го за да ставите наредната вечер повторно три смокви.

Тие 2дл користете ги 7 дена, повеќето од течноста ќе ја упијат смоквите. Осмиот ден земете нови 2дл, јаболков оцет и постапката повторете ја уште седум дена.

Лекувањето трае 14 дена, а потоа повторно провере ја крвната слика. Се надеваме дека резултатот ќе се види веднаш.