Светската здравствена организација објави дека околу 11 проценти од лековите во земјите во развој биле фалсификувани и дека веројатно биле причина за смртта на десетици илјади деца од болести како маларија и пневмонија. Ова е прв обид на СЗО да го процени и разгледа овој проблем, објавува АП.

Експертите разгледаа 100 студии за повеќе од 48.000 лекови. Речиси 65 отсто од фалсификувани лекови се лекови за третман на маларија и бактериски инфекции.

Научниците, кои ги ангажираше СЗО од Универзитетот во Единбург, проценуваат дека помеѓу 72.000 и 169.000 деца починале од пневмонија откако примиле лажни лекови.