Организацијата „Фридом Хаус“ (Freedom House) денес изрази загриженост дека се повеќе земји го следат примерот на Русија и Кина во манипулирањето со социјалните мрежи и следењето на противниците на интернет. Според една студија за слободата на интернетот од оваа невладина организација во 65 земји, 30 влади манипулирале со интернетот во 2017 година, додека минатата година имало седум помалку.

Овие манипулации вклучуваат употреба на платени коментатори, тролови, ботови или лажни веб-сајтови за вести, се анведува во извештајот „Слобода на интернет“. Овие тактики на манипулирање и објавување на дезинформации на интернет играа значајна улога за време на изборите во најмалку 18 земји, вклучувајќи ги и САД.

Кина се уште е на чело на земјите кои манипулираат со интернетот поради цензурата, борбата против анонимноста онлајн и затворањето на дисидентите кои се активни на интернет.