Деветнаесет иновативни решенија за климатските промени се добитници на наградата на ООН за лиматски промени. Претставници од следните три победнички активности зборуваат за нивните иновативни решенија на специјално организираниот настан во Берлин, Германија:

• Бизнис-еко-моден бизнис предводен од жени, кој се однесува на климатските промени со рециклирање отпад од ткаенина за производство на колекции на облека, истовремено обезбедувајќи работни места за обесправените жени-работнички;
• Партнерство помеѓу TerraCylce, SUEZ и Procter & Gamble, кој ги отстранува пластиките од плажите и ги користи за создавање шишиња за шампони изработени со 25% од регенерираната пластика;
• Водечкиот британски продавач Marks & Spencer, кој спроведе одржлива стратегија која овозможи да постигнат јаглеродна неутралност за светските операции во 2014 година.

Други победници се една финансиска корпорација во Јужна Африка, која го искористи капиталот на приватниот сектор за развој и изградба на првата концентрирана соларна централа во светот со големи размери; компанија за кредитни картички во Јужна Кореја, каде што корисниците се наградени со поени кога дејствуваат одржливо; и, лесна за употреба ИКТ алатка која има за цел да им помогне на земјоделците да донесат климатски одлуки во Колумбија и Хондурас.

Другите победници ја вклучуваат првата винарија во Калифорнија која работи на 100% обновлива енергија и компанија која носи сончева енергија во оддалечените медицински центри во Африка, што за возврат помага да се спасат животите за време на породувањето.

Избраните иницијативи, наречени “Активности на Светилникот”, демонстрираат невиден интензитет на климатските акции што се случуваат низ целиот свет. Денешната најава е дел од пошироки напори за мобилизирање на акција и амбиција, додека националните влади работат кон спроведување на Парискиот договор за климатски промени и целите за одржлив развој.

Патриша Еспиноза, извршен секретар на ОН за климатски промени, рече: “Сакам да им честитам на победниците на овогодинешните награди. Нивната страст, креативност и позитивни влијанија на теренот се извонредни реални примери за тоа како имплементацијата на Парискиот договор и пошироките ЦОР се одвива на сите нивоа, низ сите земји и низ сите сектори на општеството.

“Ние знаеме дека за да ги исполнат нашите заеднички цели, амбициите треба да се подигнат во текот на годините и децениите што доаѓаат. Овие Активности на Светилникот обезбедуваат директна инспирација за другите – од развиените земји и земјите во развој – да бидат агенти на промени кои можат да ги катализираат заедниците и земјите да одат понатаму, побрзо, заедно “, додаде таа.

19-те победнички активности спаѓаат во една од петте области на движење Momentum for Change: Жени за резултати, финансирање за пријателски климатски инвестиции, ИКТ решенија, планетарно здравје и климатски неутрални сега. Сите 19 активности ќе бидат прикажани на серија специјални настани за време на Конференцијата на ОН за климатски промени (COP23) во Бон, Германија (6 ноември – 17 ноември 2017 година).

 

 

АКЦИЈА

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР