Пекарницата Fazer во Финска од овој викенд почна да продава леб направен од сушени и мелени штурци, јавува Би Би Си. Брашното од кое се меси лебот е направено од исушени штурци, како и од пченица и семиња.                                              Пекарницата  во Финска соопшти дека производот, достапен во продавниците од петок, бил прв од ваков вид. Секој произведен леб ќе содржи околу 70 штурци кои се сушат и се мелат, а потоа се мешаат со брашно, пченица и други семиња.
Во 2013 година, Обединетите нации проценуваат дека најмалку 2 милијарди луѓе јадат инсекти низ целиот свет.Според ОН, повеќе од 1.900 видови инсекти се користат за храна.Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во 2013 година започна програма за поттикнување на одгледување и потрошувачка на инсекти.
Јухини Сибаков, шеф на иновации во пекарницара Фацер, рече дека концептот бил во развој од минатото лето, но досега не можел да биде пуштен во продажба поради тоа што се чекало одобрување од страна на финските власти.

штурци брашно

Претходно, овој месец, Финска ја укина забраната за продажба на инсекти подигнати и продадени за употреба во храна. Пет други европски земји – Велика Британија, Холандија, Белгија, Австрија и Данска – веќе го дозволуваат ова.                                        Г-дин Сибаков рече дека лебот содржи повеќе протеини отколку обичниот леб од пченица.
“Тој им нуди на потрошувачите добар извор на протеини и им дава лесен начин да се запознаат со храна базирана на инсекти”, рече тој.                                                Секое парче леб чини околу 3,99 евра, содржи околу 70 штурци и има многу повеќе протеини од обичниот леб. Лебот ќе се продава во продавници во главниот град на Финска, Хелсинки.
Фазер, кој ги увезува состојките на штурци од Холандија, има ограничено снабдување. Сепак, велат дека работат на наоѓање на локален добавувач.
Во многу делови од светот, јадењето инсекти е вообичаено.