Есклузивна фотосесија на Ангел Ситновски од концертот на Владимир Четкар и неговиот септет во преполната дискотека „Станица 26“, одржан на 17 јануари, во организација на „Три гонга“.
Четкар изрази големо задоволство и радост од убавата енергија од страна на публиката. Песната „Ти“, која ја компонирал на свои 19 години, а за прв пат ја извел на концерт во охридскиот Антички театар во летото 2003 година, на барање на организаторот синоќа ја изведе по втор пат.
И,  во џенлтменски манир и изведбата на песната им ја посвети на членовите на екипата на „Три гонга“, заблагодарувајќи им се за неговиот концерт, но и за сите концерти воопшто, со кои го подигнуваат урбаниот дух на Скопје.