Турските власти издадоа налози за апсење на 170 лица обвинети дека се поврзани со мрежата одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, јави „Анадолија“.

Според агенцијата, денес се уапсени22 лица. Налози за апсење се издадени за лица во Истанбул и 37 провинции, меѓу кои има и пензионирани, активни и суспендирани војници.

Се верува дека осомничените разговарале со имами на телефон, пренесе „Ројтерс“.

Турција прогласи вонредна состојба по неуспешниот државен удар, кој трае до денес, а повеќе од 50.000 осомничени се уапсени за учество во пучот.

Повеќе од 150.000 луѓе беа отпуштени или суспендирани од своите работни места во војската, јавниот и приватниот сектор.