Во следните шест години, Јапонија планира набавка на најмалку 20 стелт борбени авиони од петтата генерација Ф-35А, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на три неименувани извори. Според изворите, Јапонија некои или сите авиони ќе ги купи директно од американскиот производител „Локид Мартин“.

„Имајќи го предвид буџетот и распоредот на производството на авиони, набавката на 25 нови авиони е соодветна“, рекол еден од изворите.

Според изворот, купување на авионите по цена од 100 милиони американски долари по парче ќе и заштеди на Јапонија околу 30 милиони американски долари по авион.

Авионите кои Јапонија веќе ги поседува се склопени во фабрика во сопственост на „Мицубиши“, која е една од само две такви фабрики надвор од САД.