Васко Атанасоски (лево), фронтменот на „Бернајс пропаганда“
Ексклузивно дознаваме – се распадна „Бернајс пропаганда“! Како што лично не информира Васко Атанасоски, фронтменот на „Бернајс пропаганда“, од синоќа, 20 февруари, култната македонска група се растури. Зад нив остануваат околу 600 настапи, свирки и концерти, а пред нив, доколку се состават пак, веројатно уште многу. 
Деновиве бендот беше во центар на внимание со скандалот околу одобрен проект од Министерството за култура. Имено, на име на групата беа одобрени пари за концерт во Македонската филхармонија, иако не ни конкурирале.
„Бернајс пропаганда“ беа најпродуктивната група изминатава деценија на алтернативната музичка сцена кај нас. Минатата година имаа низа одлични концерти во МКЦ.