Сега ние имаме, но немаме!!!

659

Пишува: Ана Љубиќ, (3 година во медицинското училиште Наце Буѓони во Куманово)

Си било некогаш Македонска крвава свадба, драма над драмите, гледана и барана од страна на публиката. Сега  е Македонски крвав живот , исто драма над драмите, понекогаш наликува на комедија, а некогаш како најлоша трагедија. Не е барана од страна на луѓето, но времето е такво. Пред очите е секогаш Македонскиот крвав живот.

Зошто ли ?

Додека се води расправија за мекото столче во собранието, додека брат на брата си не си подава рака, додека на улица умираат луѓе кои немаат корка леб.

Па сега ајде клукајте по нив мои сограѓани- не работеле, не фатиле мотика во рака а сакаат леб, пари. Дел од тие луѓе имаат завршено училиште, дури некои и со факултет се како кучиња исфрлени на улица.

Е сега уште прашања? Како баш за нив нема работа ?

Па нема кога на функција се луѓе со полни џебови, и се кријат зад грбот на мама или тато, а тие навикнале со лесни чекорчиња да  одат низ животот, и да се кријат зад   сопствената сенка, а внатре…Внатре празни, без знаење и во мозокот една голема дупка, и тоа црна. Но важно е тие имаат за себе.

Луѓе со маски на МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА. Потоа следува уште. Младите бегаат..

Па секако дека ќе бегаат. решението го гледаат во бугарскиот пасош и што подалеку од тука.

Тука се се продаде, се продадоа и луѓето, го продадоа своето минато, за да си обезбедат посветла иднина за себе и своите деца. Одат на пат не знаејќи што ги очекува. На излезот од тунелот е сонцето нели, таква мисла не води и во животот. Можам и ќе успеам.

“Збогум мајко, збогум татко одам јас”.. а внатре распарчување на милион парчиња..

“Оди мило дете нека е среќен патот твој”.. колку ке е среќен еден Господ само знае.

Но со надеж за подобро секој го прави својот чекор. Странство – како единствен излез од Македонскиот крвав живот, кој траел со векови, трае и ќе продолжи да трае.

Велат имало некогаш и негде тука кај нас убав живот. Јас верувам и со милост ги слушам приказните за Тито, е тогаш не дека имале сега ние што имаме, но имале мир и спокојство, насмевки, дружба, роднини, пријатели.

Сега ние имаме, но немаме. Ги нема нашите половина блиски, но ги има социјалните мрежи, технологијата, но кај е здравјето.

Половина од популацијата се заболени од рак , кој  се шири по цела територија на она што ни остана.. а сакаме да го сочуваме.

Ќе биде… но кога ?  Можеби некогаш, можеби никогаш.

Можеби се ке наследат идните генерации или и тие ќе останат со празни раце .. и се во аут, и автогол.. се останува на тоа можеби, и се останува во таа надеж дека утре животот ќе бидне поубав.

ДО КОГА ВАКА ? Прашање без одговор