Изјава до јавноста на Република Македонија

Се повикуваат политичките партии во Република Македонија да престанат да си играат со маката и проблемите на децата и возрасните со посебни потреби и нивните фамилии.
ЗАСРАМЕТЕ СЕ !!!
Од 1991 наваму во неколку наврати се менувате на власт и не ви е битен народот на Република Македонија, си играте со нашите судбини и притоа битни ви се моќта и сето она гадно материјално кое со моќта го приграбувате само за себе, вашите потесни фамилии и бизнис партнери ( секоја чест на чесни поединци кои никогаш немаа шанса вистинки да помогнат на сопствениот народ иако беа и се на некои позиции )
Тргнете ги вашите гнасни раце од нашата мака и борба за преживување, бидејки ваша цел од 1991 наваму на сите вас ( секоја чест на поединци ) е на нашата мака да вадите политички поени напаѓајки се меѓу себе
Гревовите ваши се големи, а Господ има
ОСВЕСТЕТЕ СЕ !!!
Ќе пишувам сега за состојбите во Штип, а тоа е исто и во другите општини во Република Македонија :
Во Штип Здружението Сплотени срца со помош и подршка од Инцијативата 5до12 која премина од пред извесно време во Национална алијанса за инклузивно општетво дојдовме до идеја и направивме проект за Рехабилитациски цетар за деца и возрасни со посебни потреби. Пред локалниве избори Здружението Слотени срца иницираше да се нправат во сите оптини трибини на кои ги повикавме сите кандидатиза градоначлник и советници и им ги укажавме нашите идеи и барања до нив, во кои барања им укажавме за потребата од Рехабилитациски центар, бидејки дневните центри не ги задоволуваат потребите на нашите деца од повеќе аспекти идека за таа цел ни е потребно змјиште каде би бил изграден центарот и нашето барање 1% од буџетот на општините да биде издвојуван за децата и возрасните со поебни потреби. Кандидатите убаво знаат што се понудија и ветија.
Се случи дури и понудена земја од Доктор Влатко Миташев како поклон да не може да ни се оттапи поради клаузула која вели дека докторот не може да ја отуѓи, но која може да биде изменета од Советот на град Штип на собраниска седница со минимум 12 гласови од штипските советници. Но за жал не постои желба за ова. Се понуди како опција да сме ја купеле земјата на лицитација замислете – ова е одговор од градоначалникот Благој Бочварски кој е избран како кандидат на Социјал демократскиот сојуз на Македонија и коалицијата
Од друга страна денес ВМРО ДПМЕ од Штип излегле на прес конференција на која за жал и без срам пробуваат да извадат политички поени на наата мака и чиста како солза борба ( борба без политички примеси, бидејки не има од сите партиски, национални или било какви уверувања, но сплотени во борба за нашите деца и договорени да не дозволиме никој да прави кариера на нашата мака )
Имено на прес конференцијата тие кои претходно беа на власт и кои за нашите деца само декларативно или малку помагаа, ги обвинуваат нивните политички противници дека не помагале на нас и нашите деца
ПА КАКО НЕ ВИ Е СРАМ !!!
ЗАСРАМЕТЕ СЕ И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ И ДАЈ БИДЕТЕ ПРЕД СЕ’ ЛУЃЕ И ОБЕДИНЕТЕ СЕ БАРЕМ ОКОЛУ ЖИВОТНО ВАЖНИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ЧИЈ ГРБ СЕДИТЕ ВО ТИЕ ФОТЕЉИ
Еве за почеток на наредната седница на општина Штип,ве повикуваме вас – нашите советници без разлика на партија, да го ставте на дневен ред проблмот околу земјитето од Влатко Миташев и изгласајте промена на клаузулата, како земјиштето би ни било дадено нам, за да го изградиме спасот за сегашните и идни генерации деца и возрасни со посебни потреби – Рехабилитацискиот цетар за деца и возрасни со посебни потреби
Јас лично Зоран Мијалков кој сум член на ВМРО ДПМНЕ од мои 14 години чекам извинување за денешнава прес конференција на која се рпоба да се прават политички поени на маката на на нашите златни чисти душички, децата и возрасните со посебни потреби
Од вас очекував ако сте свесни со гласови на ваши советници во локалните самоуправ или со пратениците без приговор да ги гласате законите и барањата кои ги имаме ние родителите,како извинување од ваша страна за она малкуто кое го направивте за нашите деца во изминатите 11 години, исто и СДСМ правеше и прави како вас да не мислите дека некој вас ве напаѓа,
НЕ ве напаѓам туку ви ја плескам вистината у фаца
Што се однесува до ДУИ и другите албанските и македонски партии кои е помали
Господа од ДУИ, зарем не е СРАМОТА што за децата и возрасните со албанска националност со посебни потреби абе А буквата не сте ја кажале,туку со ситни националистички глупости одите да освоите глас повеќе
Каде ќе ви оди душата што за овие ангели ве нема никаде ? Зарем мислите под тепих можете да ги скриете нашите деца ?
Народе на Македонија освести се, без разлика на национална, верска,политичка или било каква друга припадност.
Освести се народе мој страден и да им кажеме на политичарите наши дека тие не заслужуваат ваков народ кој согодини ги трпи нивните неправди
ВРЕМЕ Е ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА РАБОТАТ ЗА НАС НАРОДОТ КОЈ ИМ ГИ ДАДЕ ТИЕ ПУСТИ ФОТЕЉИ !!!
ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ ЖИВОТНО ВАЖНИТЕ ПРОБЛЕМИ КОИ НЕ МАЧАТ СИТЕ НАС, А СЕ ДРУГО ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ. НО ПРВО ДА СИ ГИ РЕШИМЕ ЖИВОТНО ВАЖНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ЕКОНОМИЈАТА, ЗДРАВСТВОТО И ОБЛСТИТЕ КОИ НИ ГО ОПРЕДЕЛУВАТ ЖИВОТОТ
Со почит
Зоран Мијалков