Уништувањето на дивите балкански реки мора да престане, се вели на сајтот Blue Heart Patagonia, преку кој неговите активисти за  заштита на природата водат кампања за да се претсане финансирањето на браните од страна на големите банки и финансиски корпорации. Во тек е потпишување на петиција, а доколку сте од оние кои се залагаат за заштита на природата, тоа можете да го сторите ТУКА.

Само колку за потсетување, меѓународните банки вложија милиони евра во деструктивен развој на хидроенергијата во регионот. На Балканот се планираат повеќе од 3.000 проекти за хидроенергија – речиси секоја река во регионот ќе биде засегната.

Овие брани и пренасочување на реките ќе ја уништат албанската Вјоса – најголемата и последната неприкосновена река во Европа, а веќе има опасност од истребување на дунавскиот лосос во Босна и Херцеговина, загрозен е опстанокот на  балкански рис во Македонија, и се уништуваат слатководните ресурси низ целиот регион.

За разлика од финансиските гиганти, светот има потреба од здрави реки. Активистите на Blue Heart Patgonija  бараат од сите нивни подржувачи да им кажаа на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Меѓународната финансиска корпорација на Светската банка (ИФЦ) дека мора да ги запрат инвестициите во балканските хидроенергии пред да бидат непоправливо уништени последните диви реки во Европа.

Извештајот на Bankwatch од јануари 2018 година потврдува дека се проценети 727 милиони евра заеми обезбедени од меѓународни банки за балканските брани и пренасочувања.

А, не смееме да заборавиме дека балканскиот регион  како  разновиден во културите, јазиците и историјата – е и дом на последните диви реки на европскиот континент или како што се нарекува е Синото срце на Европа.

Хидроенергeтска златна треска

Повеќе од 3.000 брани и диверзии во хидроенергијата се предложени или се во процес на градење на Балканот, покрај повеќе од 1.000 кои веќе постојат. Овие брани ќе предизвикаат неповратно оштетување на реките, дивиот свет и локалните заедници. Според податоците на сајтот има 1.003 постојни брани, 188 брани се во тек на изградба и 2.798 предложени брани за изградба.

Понатаму во текстот посеветен на кампањата активистите ги информираат граѓаните дека 80% од балканските реки се многу здрави, наспроти реките во централна Европа. Имено, проценката на хидроморфологијата на 35.000 километри балкански реки покажа дека 30 проценти од нив се чисти, а 50 проценти се многу здрави, што е највисок процент во Европа.

Доколку се започне со изградбата на предвидените брани, целиот екосистем ќе биде уништен. Над 270 километри од албанската река Вјоса се нескротливи и слободни текови – вклучувајќи ги и сите нејзини притоки. А, само на оваа река е предвидена изградба на 38 хидроенергетски брани.

Дур ни реките во националните паркови не се безбедни. Речиси 1.500 брани се предложени или изградени во заштитени подрачја, од кои 118 во националните паркови. Бројот на предложените проекти во овие области е двојно зголемен од 2015 година.

Она што претставува проблем е што голем дел од планираните балкански хидроенергетски брани се помали од 10 MW инсталиран капацитет. За нивна изградба не е потребна проценка на влијанието врз животната средина бидејќи се сметаат за проекти од мал обем, со што уште еднаш не се почитува Архуската конвенција за право на учество на јавноста.

Партнери на Blue Heart Patagonia  од Македонија се граѓанските организации Еко-свест и Фронт 21/42.