Ана Винтур, уредник на магазинот “Вог”, која присуствуваше на свадбата, сигурно немаше со што да и замери на Серена во однос на изборот на фустанот, дизајниран од познатата Сара Бартон. Во исто време, Vogue имаше ексклузивни права на фотографиите од свадбата.

 

“Отидов во Лондон за да се сретнам со Сара, и во истиот миг се вљубив во фустанот што стоеше од сето она што го замислив да го изберам за мојата свадба. Ми се допадна тоа што венчаницата изгледаше како фустан за бал”, рече Серена.

Свечената церемонија и свадбата се одржаа во Центарот за современа уметност во Њу Орлеанс, а целата улица беше затворена за време на церемонијата. Интересно е што гостите мораа да се придржуваат кон темата “Лепотицата и ѕверот”.

За да изгледа совршено, тенсерката за накитот од 14 каратно злато одвоила вкупно 3,5 милиони долари.

Малку подоцна, Серена облече поудобен фустан, а Донатела Версаче откри дека ѝ требале пет мајстори за шиење на фустанот и околу 1500 часа работа.

#SerenaWilliams x #AlexisOhanian wedding! #ekpoesito

A post shared by Ekpo Esito (@ekpoesito) on

Серена не ја симнуваше насмевката од нејзиното лице, а среќен беше и нејзиниот сопруг кој со романтична порака и се обратиле преку Инстаграм.

 

“Ти си најдобра од сите, не само во спортот, туку како мајка и жена. Јас сум толку возбуден што ќе ја живеам мојата бајка со тебе. И целиот мој живот, а дури и не знаев, го чекав овој момент. И сè што сум направиле досега, се што имам постигнато во кариерата и својот живот за последните 34 години, не е ништо во споредба со она што го правиме денес. Јас сум толку среќен и вљубен”, напиша Алексис под неговата фотографија со Серена.

Ким Кардашијан, Венус Вилијамс, Бијонсе, Ана Винтур и други познати гости на масите ги дочекаа реплики од трофеите на гренд слем титулите на Серена Вилијамс.

Guess the song! 👀👟 #Alexisohanian #Serenawilliams ❤️

A post shared by LimeliteTV (@limelitenaija) on

Official. 📸 @melbarlowandco @allanzepedaphotography

A post shared by Alexis Ohanian Sr. (@alexisohanian) on