Една неочекувана одлука на третиот најголем производител на леб во Турција ги предизвика на дебата нејзините граѓани. Имено,  една од најголемите компанииза производство на леб, Бурса Екммек Санаиј (БЕСАШ), која воедно е и подружница на Општината Бурса, објави дека повеќе нема да дава леб на места каде што се продаваат алкохолни пијалаци.

Во дописот кој им бил испратен на сите продавници кои продаваат леб од оваа компанија пишувало „Кој сака да продава леб, тој нема да продава алкохол.“ Директорот на компанија објаснува дека ова не е ништо ново, бидејќи тие ова барање го имале испратено уште во 2016  и оттогаш чекале сите продавници кои гопродаваат нивниот леб да се одлучат дали ќе ја продолжат соработката со нив или и понатаму ќе продаваат алкохолни пијалоци, кои не можат да се најдат „на иста полица“ со нивниот „свет производ“.

И додека дел од потрошувачите на лебот од Бурса се согласуваат  и ја одобруваат оваа одлука, друг дел од населението смета дека ова е уште еден чекор кон целосна забрана на продажба на алкохолни пијалоци во малопродажбата.