Ексклузивно за ТЕХТ.МК дава свое видување за оваа стихозбирка:

За стихозбирката ЖЕНА

Оваа книга настана од многуте разговори, емоции, што сме ги делеле, а и повремено, потајно, интимно, се уште ги делам со некои од нив. Се она што сме го рекле или не, е преточено и во оваа книга. На почетокот тргнав со мисла дека ќе немам ни двеесет жени, но на крај испадна дека ќе има и втора збирка. Ова зборува за мојата среќа што имам толку многу блиски жени, што за моја среќа, за да ги избројам во првата книга ќе ми требаат три раце, и толку за втората. А само две за силна прегратка и љубов кон нив.

“ Секој напишан збор во мојава најнова збирка поезија, има во себе оставено дел од мојата духовна растрепереност пренесена од мојата рака. Тоа е одраз на внтрешната, длабока поврзаност со секоја од нив. Во стиховите на “ЖЕНА“ е втиснат секој мој трепет, како печат. Сакав, и ги нареков “ моите “ жени. Ги знам низ годините, секакви, а за тоа придонела взаемната размена низ нашите дни. Сакав, и мислам дека конечно постигнав мир, со мојот внатрешен немир, кој ме тиштеше долги години.

Се почна во Септември ноќта, кога ја напишав и првата песна која ме мачеше шест месеци, за мојата почината мајка, таа година во Март. Се отвори душата, посакав да оставам трага од пишан збор, песни кои биле и останале, од разговори останати во и меѓу нас. А сега споделени и со вас.

Сакам преку оваа реч, да им заблагодарам на сите нив и на оние кои ќе дојдат во мојот живот. Да им кажам силно Благодарам за тоа, колку искрена љубов ми подариле, за да потече мојата книга “ Жена “. Некои од нив сум ги сретнала само еднаш и преку “клик“ душите се препознале. Затоа, поскаувам уште многу такви средби, бурни – силни, Љубовни… “

Од неа, Љубовта, ќе настане “ Жена 2“, во која ќе бидат опеани сите оние за кои во оваа стихозбирка немаше место,  т.е. доволно листови хартија!-  Kатерина Грозданова