Во автобуска несреќа во североисточниот дел на Тајланд, најмалку 18 лица загинаа, а 33 лица се повредени. Автобусот ја изгубил контролата и скршнал од патот, по што се превртел настрана, пренесе АП.

Еден од преживеаните изјавил дека некој од патниците викнал дека кочниците не работат, а локалните медиуми јавија дека автобусот бил значително оштетен во несреќата и дека неколку луѓе останале заробени внатре.