Баскиската милитантна група ЕТА е подготвена да го објави расформирањето на почетокот на мај, со што ќе заврши со децениска кампања за насилна независност од Шпанија.Ова го пренесе регионалната јавна телевизија ЕТБ.

ЕТА уби повеќе од 800 луѓе, меѓу кои и полицајци, политичари и бизнисмени, пред во 2011 година да се откаже од вооружената кампања за независност на Баскија и да го предаде вооружениот арсенал минатата година.

И Франција и Шпанија, каде што ЕТА изврши најголем дел од своите смртоносни акции за повеќе од 40 години, бараа нејзино распуштање. ЕТБ телевизија доцна синоќа јави дека ЕТА ќе го објави овој потег во првиот викенд во мај, пренесе АП. Настанот кој ќе го означи крајот на групата ЕТА ќе се одржи во јужна Франција пред групата официјално тоа да го објави.