Најмалку 54 лица се повредени во железничка несреќа која се случи утрово во Салцбург, Австрија.
Портпаролот на железницата ОББ соопшти дека 54 лица се згрижени во болници и дека се полесно повредени. Несреќата се случила додека возот бил на железничката станица, при маневар на спојување на вагони на два воза на линиите Венеција-Салцбург и Цирих-Салцбург.
Во вагоните во моментот на судирот имало околу 240 патници. Возот од Салцбург требало да продолжи за Виена.