четврток, април 25, 2024
домаКујнаТеатар „Комедија“ со „Жена ми се вика Борис“ гостува во Охрид

Театар „Комедија“ со „Жена ми се вика Борис“ гостува во Охрид

Театар „Комедија“ ја продолжува својата мисија на гостување низ театрите во Македонија, а овојпат, на 21 април, Театар Комедија ќе гостува во Народен театар Охрид со хит-претставата Жена ми се вика Борис“, во режија на успешниот режисер на хит-комедии Синиша Евтимов.

Жена ми се вика Борис ги ревидира моралните кодекси на однесување, а дејството во пиесата е адаптирано и локализирано во македонски контекст, каде што ќе ги препознаете менталитетот и стереотипите на современото живеење на семејствата на некои „наши“ политичари и успешни бизнисмени. Прељубата, лагата, интригата и страста се вонвременските теми врз коишто се градат заплетите во оваа комедија и ќе ве држат со широка насмевка во текот на целата претстава.

Охридската публика во претставата ќе може да ги види актерите: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мими Поповска – Ристов, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска, Столе Мицов и Александар Михајловски.

Повеќе детали за оваа, но и за другите претстави од репертоарот на Театар „Комедија“ може да погледнете на  вебстраницата www.teatarkomedija.mk.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ