Пишува: Андреа Накова

Европската комисија во март го објави својот извештај за 2017 година за Системот за брзо предупредување од опасни производи (РАПЕКС). Извештајот  укажува дека во 2017 година, РАПЕКС системот најмногу се користел од страна на националните власти на државите во ЕУ, исто така и во балтичките земји, со повеќе од 2.000 сигнали за детекција на опасни производи што биле циркулирани на пазарот.

Најзастапениот вид на опасни производи се играчки со застапеност од 29%, а по нив следат моторни возила со 20%. Најмногу пријавени ризици се повреди со 28% и хемиски ризици со 22%, а повредите се исто така категорија со најмногу последователни активности.

Поголемиот дел од опасните производи пријавени во системот доаѓаат надвор од ЕУ. Кина е земја на потекло број еден, но бројот на пријави останува стабилен со 53% (1.155) во 2017 година, исто како и претходната година. Комисијата продолжува тесно да соработува со кинеските власти, да работи заедно за конкретни случаи и да спроведуваат акции, како што е размената на добри практики. Опасни производи од европско потекло учествуваа со 413 известувања (26%).

2.201 пријава испратени преку системот за брзо предупредување поттикнале скоро 4.000 последователни активности, како што се повлекување на производи од пазарот. Ова покажува дека сите национални власти внимателно ги следеле сигналите во системот и ги презеле сите неопходни мерки за да помогнат пазарот да стане побезбеден за потрошувачите.

Од земјите-членки се бара да преземат последователни активности по известувањата, кои се наведени на веб-страницата. Следењето во овој случај се однесува на повратни информации добиени од земјите за тоа како тие го третираат алармирањето, при што најчестата последователна активност е да се пронајде производот. Не постои формален координативен механизам во случај кога националните власти различно ја оценуваат заканата. Наместо тоа, Комисијата треба да дејствува како медијатор. Дивергентните пристапи во безбедноста на производите, како што се производот кој е идентификуван како опасен во земја-членка, но не во друг, може подобро да се решат преку формализиран систем за решавање на таквите спорови.

Беше забележано дека потрошувачите повеќе ги купуваат производите онлајн директно од трети земји. Предизвикот сега е да се осигура дека овие производи ги исполнуваат стандардите на ЕУ за безбедност.

Многу од опасните производи за кои се известува во системот за брзо предупредување се продаваат и на онлајн платформи или на пазари. За да се одговори на овој феномен, Комисијата ја охрабрува соработката со своите меѓународни колеги и онлајн платформи за да осигури дека небезбедни производи не ги достигнуваат потрошувачите во ЕУ. Конкретно, Комисијата ги повикува платформите да преземаат доброволни обврски кои одат подалеку од нивните законски обврски во областа на безбедноста на производите.

Од 2003 година, системот за брзо предупредување обезбедува информации за опасните не-прехранбени производи кои се повлечени од пазарот и / или се отповикуваат насекаде во Европа, брзо се шират меѓу земјите-членки и Европската комисија. Триесет и една земја (ЕУ заедно со Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) моментално учествуваат во системот.

Секоја недела, околу 50 известувања се регистрирани и објавени на интернет.  Потрошувачите и бизнисите сега можат исто така да креираат и персонализираат сопствени претплати за аларми во согласност со нивните потреби и желби и да ги споделуваат известувањата преку социјалните медиуми.