Дали би пробале виолетов или портокалов карфиол?

Сите знаеме за стариот добар бел карфиол, но дали некогаш сте слушнале за виолетов?

0
181

Она што секој од нас по малку го плаши е отскокнување од вообичаеното. На пример, виолетов морков. Поради необичната боја, никој не сака ниту да го проба. А, колку да знатет, морковот прво бил виолетов! Но, без разлика на тоа, интерес на овој текст е сите бои на каефиолот.

Иако по облик изгледаат исто како и “нормалниот” карфиол, нивната боја е она што малку ќе ве исплаши. Бидејќи, прво ќе помислите дека тоа може да биде генетски модифициран карфиол, или насликан со некои токсични бои. Или, кој знае што!

Но, како точно се појавува боја во карфиолот?
Постојат виолетов, зелен и портокалов карфиол и сите се природни мутации на карфиол. Виолетова боја се јавува благодарение на антиоксиданс антоцијани кои содржат црвено вино, како виолетова зелка (за која никој не се чуди). За време на готвењето, дел од бојата може да остане во водата и сварен виолетов карфиол има светло-кафеава боја, сладок е и со нежен вкус. Семето на виолетовиот карфиол може да се најде во нашата земја и сами да го одгледувате, но не сме сигурни дали ќе се продава на нашите пазари. За портокаловиот карфиол постојат податоци дека прв пат се појавил во 1970 година во Канада, како производ на природна мутација, и стана широко познат и достапен само по долги вкрстувања на семињата. Бојата може да се заблагодари на природната мутација која направила задржување на поголема количина на бета-каротен, од што е портокалов (бојата е поинтензивна во зависност од износот на бета-каротин содржан во карфиолот). Портокаловиот карфиол содржи 25% повеќе витамин А од редовниот бел карфиол. Некаде дури и се нарекува “Чедар” карфиол поради бојата која многу потсетува на истоименото сирење, но (за жал) нема вкус на сирење, туку има вкус на добро познатиот бел карфиол. Исто така, постои и зелен карфиол која боја се должи на високата концентрација на хлорофил. Всушност, белиот карфиол е всушност бел затоа што тоа не е изложен на доволно количество на сончева светлина.
И, конечно, малку совет – карфиолот, никогаш немојте премногу долго да го готвите бидејќи ќе ги изгуби сите нутритивни својства, но, исто така, ќе се распаѓа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР