Денеска почнува Вимблдон

0
43

Третиот гренд слем турнир во сезоната Вимблдон почнува денеска, а првиот ден на теренот ќе излезат носителите Рафаел Надал, Стен Вавринка, Марин Чилиќ, Кеи Нишикори, Жо-Вилфред Цонга …

Натпреварите на тревните терени на Ол Ингланд клубот во Лондон, почнуваат во 12.30 часот. Првиот меч на централниот терен ќе го игра првиот носител на АТП листата Енди Мареј, а противник ќе му биде казахстанскиот тенисер Александар Бублик.

Вимблдон се игра за награден фонд од 14,84 милиони фунти.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР