Џон Блондел: Интересно е кога жени глумат мажи!

Американскиот театарски режисер Џон Блондел и оваа година беше дел од „Битола Шекспир фестивал“ кој се одржа кон крајот на јуни, заедно со театарската компанија „Лит мун“ од Санта Барбара, Калифорнија. Битолската публика изминативе години има можност да види повеќе негови претстави, меѓу кои „Бура“ и „Хамлет“ со театарот „Лит мун“, „Сонот на летната ноќ“ со Националниот театар од Тирана, Албанија, „Хенри Шести, трет дел“,  „Антоние и Клеопатра“ со Битолскиот народен театар, „Сонети на летната ноќ“ (четири приказни инспирирани од Сонетите на Шекспир), каде покрај Блондел како режисери се учествуваат и Мичел Томас и Благој Мицевски и има една кореографија од Викторија Финлејсон. Потоа и „Јулие Цезар“, а годинава „Ричард Трети“.

Во Битола сте како дома, доаѓате секоја година…

-Токму така. Јас сум на фестивалот веќе пет години, колку што трае досега, а театарската група „Лит мун“, веќе четири години е дел од програмата на „Битола Шекспир фестивал“.

Кажете ни нешто повеќе за претставата „Ричард Tрети“, која ја видовме и во Битола, во изведба на млади актерки!

-Овој  перформанс е релативно нов, претставата својата премиера во матичниот театар ја имаше во март, а во јуни во Битола. Тоа всушност е копродукција во некоја рака, меѓу нашата компанија, и Благој Мицевски, уметничкиот директор на „Битола Шекспир фестивал“, зошто за нашата претстава тој ја направи костимографијата. Текстот е многу компресиран и адаптирани. Тоа е модерна интерпретација и многу адаптирана верзија на „Ричард Трети“ од Шекспир, во глума, или да речеме имитаторството на четири жени, кои глумат мажи. Овој пат текстот на Шекспир го визуелирираа женски личности, актерки и со тоа ова е успешен театарски експеримент,  да се види што се случува со трансформација кога е одиграно од жени.

Како дојдовте на оваa идеја жени да толкуваат мажи?

– Актерките кои играат „Ричарт Трети“ се одлични во улогите, и сакав на еден таков интересен начин да ја заокружам сета таа приказна. Жени да бидат толкувачи и на женските, а истовремено и на машките улоги во „Ричард Трети“. Тоа е моја инспирација и експеримент, кој еднаш се има остварено во 2009 година, кога на ист начин ја поставив драмата „Јулие Цезар“.  Сите улоги ги глумеа актерки.

Што значи Шекспир за Вас како режисер. Дали во него наоѓате непресушен извор на иснпирација и неодолив предизвик, секогаш одново и одново?

-Да, одлично прашање. Нашиот театар е мал независен театарски ансамбл, кој  се наоѓа во Санта Барбара, 20-тина километри северно од Лос Анџелес, и веќе 16 години го поставуваме Шекспир. Како режисер  сум испровоциран и сакам да ги рбаотам делата на Шекспир, зошто има многу, многу можности во нив. Текстот, можеш да го режираш на многу начини, да го прикажеш секаде и секаде да го разберат. Неговите дела нудат одлични стории, одлични карактери, сето тоа е привлечно и многумина сакаат да ги погледнат драмите базирани на Шекспир. Исто така, тие даваат можност  и широчина за адаптација во дизајнерски аспект, музичаки, со нив секогаш може нешто ново да се прави. Тоа е тоа, секогаш имаш контакт со делата на Шекспир, и со експерименти можеш да ги  транформираш како сакаш.  Делата на  Шекспир има огромен сенс за живот. Интересни се, провокативни, даваат неограничени можности.

-Дали би направиле некоја нова ваква „превртена“ адаптација според овој концепт, на пример на „Ромео и Јулија“?

-Да, можно е.  Би било интересно.

На пример, конфликтот да настане зошто Јулија е многу постара од Ромео…

-Ха, одлична идеја. Ако правам таква адаптација ќе ми треба доста време да размислам за тоа. Јас всушност сакам, ако ги работам „Ромео и Јулија“, повторно акцентот да го ставам на конфликтот на семејствата, од каде што тргнува целата таа трагедија.

И за крај, да дознаеме како стапивте во контакт со битолчани, како почна Вашата соработка, во која очигледно прилично уживате.

-Многу се радувам кога сум овде, Битола е мојот втор уметнички дом. Моите пријатели од Битола многу ми значат, а битолските актери се извонредни. Театарската компанија „Лит мун“ веќе традиционално, секоја година учествува во фестивалската програма. Ние во 2007 година на фестивалот „Млад отворен театар“ (МОТ) во Скопје ја игравме претставата „Бура“ од Шекспир. Прво јас ја поканив Лилија Абаџиева (селекторката на програмата на МОТ)  на Шекспир-фестивалот во САД во 2006 година да направи претстава со „Лит мун“, а таа подоцна не покани во Скопје. Тогаш првпат се сретнавме со Благој Мицевски, селекторот на „Битола Шекспир фестивал“, и почна нашата соработка. Нашата соработка се зацврсна кога  пристигна поканата со „Хенри  Шести, трет дел“ да настапиме на фестивалот „Глоуб ту Глоуб“ во Лондон, од каде се роди идејата за основање на фестивалот посветен на Шекспир во Битола. Понатаму, фестивалот веќе постои и е една успешна приказна…

Фото: Стефан Ѓоргиевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР