Дршката од јагодите е лековита, не ја фрлајте

0
83

Многумина инстинктивно ги фрлаат дршките и листовите од врвот на јагодите, а не се ни свесни дека се одрекуваат од можеби најважниот и најздрав дел.

Листовите на јагодите содржат танини и амино киселини кои го подобруваат варењето на храната и ги олеснуваат проблемите со киселините во желудникот. Содржат и кофеинска киселина, природна состојка која може да ја намали болката и да го намали отокот кај луѓето кои страдаат од артритис.

Но, ова не е се, бидејќи листовите се богати и со витамини и минерали, како што се железо, калциум и витамин Ц.

Како што посочуваат од Медицинскиот центар при Универзитетот во Мериленд, железото позитивно влијае врз црвените крвни клетки производството на хемоглобин, додека калциумот помага во здравјето на коските и спречува остеопороза.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР