Дунај Еспаев: Денешниот Хамлет е заглавен во потрага по круна!

Во рамки на 5. Интернационален „Битола Шекспир Фестивал“ на сцената на Битолскиот народен театар, Казак Драмскиот театар од Караганда, Казахстан, ја одигра претставата „Хамлет-стапица“. Вие, господин, Дунај Еспаев ја одигравте главната улога. Ова беше Ваше прво гостување во Македонија, а публиката Ве награди со бурни аплаузи, колегите со кимолименти. Како сте задоволен лично Вие?

-Многу ме радува тоа. За прв пат бевме во Македонија, и посебно сме задоволни што организаторот ја прифати нашата претстава “Хамлет стапица” и влеговме во официјалната конкуренција, што значи добивме шанса и ја изведовме и на сцената. Ова е фестивал за Шекспирови драми, местото и беше тука.

Колку долго се прикажуваше, пред да ја прикажете овде?

– Слободно може да ја сметате дека ова беше премиера, само затоа што пред да дојдеме во Битола кај нас ја изигравме само седум пати, во Караганда, Казакхстан. Тоа е град на рудари во Казакхстан, земја која ги има сите оние хемиски елементи од Менделеев. Нема што нема. И кај нас таа рударска индустрија е најразвиена. Но луѓето ја сакаат уметноста, театарот.

Каде бевте пред тоа, пред да дојдете во Битола?                

-Бевме во Конја во Турција, но ја прикажавме и во Русија. Нашата екипа брои 13 луѓе.   Претставата е во режија на Куандик Касимов, а со нас вo Бигола беше и директорот на театарот Сансесбај Бекболатов.

Како уметнички директор и актер што досега имате поставено од Шекспир?

-Јас го имам играно Хамлет, Ромео и Јулија, Кралот Лир и Ричард Трети, а пред тоа и Магбет и Јулие Цезар.

Во оваа претстава “Хамлет стапица”, дали беше прикажан оригиналниот текст од Шекспир?

-Да, тоа е оригиналниот текст, преведен, тој превод кој има 500 страници ние го сведовме само на 19 и се обидовме во 59 -те минути, колку што трае, да внесеме се што е важно во претставата. Клучното прашање е зошто човекот денес се оттуѓува во општеството. Дали е тоа поради борбата за власт, за љубов, за круна, за моќ или воопшто дали да постои човештвото или не, едноставно борба за опстанок. „Да се биде или не“ е еден збор, а ние сакавме да го прошириме неговото значење. Значи, во тие 19 страници и во тој еден час на сцена, покажувам што му се случува на Шекспировиот јунак Хамлет денес, зошто јунаците на Шекспир се безвременски и можат да се адаптираат на секоја епоха, во секое време. Човекот станува оттуѓен од во денешното општество, воопшто за човештвото е во прашање да се биде или не или да не се биде на овој свет, на оваа земја. Борбата за опстанок. Тоа ние го прикажавме преку една наша призма, наша верзија а низ то го прикажавме и нашиот менталитет. Овој пат Хамлет е моја, верзија, моја специфика,начинот на кој јас го разбирам него.

Во која смисла го отсликува Вашиот менталитет, или да речеме современие?

-Оној момент кога сите се обидуваат да го отфрлат тој наоѓа бегство во Куранот, затоа на сцена Хамлет читаше Куран. Кога во него се кршат сите вредности, тој наоѓа нови, па повторно се соочува со она дали ќе стане некое ново чудовиште или некој нов диктатор. На крајот и тоа беше поентата, нема одговор во нашата претстава, така завршува претставата, без одговор, каков што всушност е современиот Хамлет.

Ќе дојдете пак?

-Многу сме задоволни од преубавата реакција и пофалбите од колегите. Сето тоа ќе им го прераскажеме на нашите во  Казакхстан, се надевам и следните издаанија ќе гостуваме со некоја наша претстава, зошто се уверивме декс оваа многу им се допадна на Битолчани.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР