Екологисти изработуваа еко столчиња

Овој викенд, Здружението „Ајде Македонија“ во партнерство со СЦ „Дуња“,  одржаа семинар на тема „Нула отпад“. Првиот дел од работилницата беше предавање за тоа како да направиме компост во домашни услови, со практични

совети, за да се намали огромното влијание на органскиот отпад врз животната средина.

Се  разговараше за предизвиците на патот кон „нула отпад“ живот и практични совети како да го намалиме конзумирањето во нашето секојдневние.

Вториот дел го водеше тим на чело со Васко Цацановски кој работеше со сите присутни на изработка на столови за седење од стари гуми и други материјали.

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР