„Фејсбук” развива двe нови апликации

0
27

„Фејсбук“ работи на самостојна апликација за групни видео разговори, кој за инспирација го има групниот видео разговор „Houseparty“ настанат од видео стриминг апликацијата „Meerkat“. Работниот наслов на новата апликација, која компанијата неодамна ја демонстрираше за своите вработени, е „Bonfire“.

„Фејсбук“ апликацијата може официјално да ја претстави наесен. Во овој момент не се знаат други детали за апликацијата „Bonfire“, но тоа можени не е единствената самостојна апликација на која „Фејсбук“во моментов работи. Се споменува и апликација наречена „Talk“, која младите луѓе треба да г охрабри да комуницираат со своите баби и дедовци преку видео разговори.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР